Впечатоци од фаза 1
Тука оставете ги коментарите, сугестиите, импресиите, проблемите што ги имавте во фаза1!
Ако одржавте час, одговорете на следниве прашања:
- Дали учениците самостојно си ги поставија целите?
- Дали учениците работеа во групи?
- Дали вештините за прашување, пребарување, истражување, анализа, синтеза и вреднување беа вклучени во активностите на часот?
- Колку се залагаа учениците?
- Кои аспекти ги натераа учениците да се залагаат?
- Дали плановите за час имаат јасни цели?
- Дали оценувањето беше поврзано со целите?
- Кои беа предизвиците во реализацијата?
- Како можат да се подобрат плановите за час и тема?

5 Comments:
prekrasni i edukativni
ucenicite bea aktivni, rabotea vo grupi, lesno manipuliraa so vleznite uredi i del od softverot, celite na casovite bea postignati, ucenicite rabotea vo PAINT i nacrtaa odlicni crtezi.
|Сеуште сметаме дека иако се воведени нови приоди во наставната програма и осовремен начин на работа со учениците поради долгогодишната стереотипна работа и притоа недоволната активност на учениците т.е. учениците беа повеќе слушатели отколку активни учесници во работата кои ги даваат своите мислења и коментари при што се создава и развива мислењето, учениците сеуште не можат самостојно целосно да ги поставуваат своите цели и им е потребно поттик и насочување од страна на соодветниот наставник.
Бидејќи учениците се од различни социјални средини и нивното учество и активност како и истражувањето, анализа,синтеза и вреднување на часот беа со различен степен а исто така и различно вреднување.
Се поголемата примена на компјутерите во секојдневниот живот и работа, со што се олеснува работата и организираноста во неа, а и потребата што се јавува при комуникација како во нашата земја така и со светот при што се врши брза размена на податоци и информации и нивно добивање на многу лесен начин, кај учениците е се поголема заинтересираност за совладување на информатичка техника, при тоа самите барајќи и дополнителни литератури да си овозможат целосни познавања и целосно користење на можностите што ги дава компјутерот.
Бидеји се уште сме во фаза на едукација не само учениците туку и ние, непрекинато се надградуваме при изработка на плановите и со секој нареден час се сме поуспешни во определување на наставните цели.
Во соработка со Бирото за развој и се поголемото нивна вклученост во работата на училиштата, стручната помош што можат да им ја дадат на наставниците ќе овозможи плановите за час и тема да се подобрат.
12:33 PM
Smetam deka koristenjeto na IKT vo nastavata gi motivira ucenicite,postoi zelba za ucenje so pomos na istite a so toa i uspesna nastava
Se dobivat razni mislena aktivno razmisluvane kreativnost
Објави коментар
<< Home